Денес 3-ти декември 2014 година во Центарот за индивидуална обука заврши Курсот за прв подофицер во чета.Курсот го завршија седумнаесет подофицери на Армијата на Република Македонија.
Целта на овој курс е запознавање со должностите и одговорностите на првиот подофицер во чета. Низ процесот на планираната обука на курсот, подофицерите слушатели се стекнаа со знаења за:реализација и надгледување на индивидуалната обука во единицата и развивање на програмата за обука, спроведување на персоналниот менаџмент и администрацијата во единицата, развој на програмата за подобрување на лидерството, дисциплината и моралот во единицата, регулирање на административните, персоналните и други прашања поврзани со војниците и подофицерите.
Исто така за време на обуката на курсот подофицерите се здобија со знаења од областа на меѓународното хуманитарно право и законот за вооружен конфликт, структурата на НАТО и мировните операции.
За успешно завршена обука на курсот подофицерите добија сертификати со кои имаат можност во иднина да бидат поставени на должноста прв подофицер во чета