Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово со воена свеченост, припадниците на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на прва пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски им го честиташе денот на припадниците од 3.пб и во својот говор покрај другото истакна „Во годината кога ја одбележуваме 33 годишнината од формирањето на Армијата и 5 години од полноправното членство во НАТО Алијансата, вие припадниците на 3.пешадиски баталјон, бидете горди што сте дел од Армијата, како институција која ужива најголема доверба кај граѓаните. Бидете горди на нашата професија и продолжете да работите вредно и посветено, со што заедно со останатите припадници на бригадата, ќе останеме најсилната гаранција за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија“.
Пред стројот на единицата и присутните гости на свеченоста, командантот на 3.пб, потполковник Миле Станоевски во своето обраќање се осврна на историјата, традициите и значењето на „27 август“. Воедно, им оддаде благодарност и признание на војниците и старешините за вложениот труд, лојалноста и одговорноста во извршувањето на поставените задачи, а беа и доделени и благодарници на локалните субјекти со кои единицата има одлична соработка.
По повод Денот на единицата беа прочитани честитки и наредби за стимулативни мерки за припадниците на единицата, додека за постигнатите резултати во обуката и извршувањето на задачите извидувачкиот вод од командната чета е прогласен за најдобар вод од составот на 3.пб.
На свеченост присуствуваа старешини од командата и штабот на 1.пбр, команданти на единиците од составот на 1.пбр, поранешни команданти на единицата, претставници на локалната самоуправа, претставници на здруженијата на бранители, борци од НОБ, претставници на верските заедници и останати гости.
ГЃ/ДЧ