Денес, 25 март 2016 година во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини, заврши Методичкиот курс за обука на подофицери 1-16. Курсот го завршија 17 подофицери припадници на единиците на Армијата на Република Македонија.
Преку процесот на обуката за Методичкиот курс учесниците имаа можност да се стекнат со знаења и вештини кои во иднина ќе ги применуваат при реализација на обуката во единиците на Армијата на Република Македонија.
Со завршувањето на курсот слушателите ги усовршија формите, облиците и начинот на изведување на обука, користење, чување и одржување на наставните средства за обука со кои располага секоја единица.
За успешен завршеток на обуката, на слушателите-подофицери им беа доделени сертификати од страна на заменик командантот на Центарот за индивидуална обука.