Како дел од редовните планирани активности на бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), тим за оценување предводен од командантот на СЕЕБРИГ, бригаден генерал Билбил Битри, во деновите 28 и 29 октомври реализираше евалуациска посета на единиците од Армијата декларирани во оваа бригада.
Во рамките на посетата, тимот од СЕЕБРИГ оствари издвоени средби со државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, како и со командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на 1.пбр, генерал Дејан Чиплаковски. На средбите се разговараше за придонесот на Армијата кој го дава во рамките на СЕЕБРИГ, но и за нејзината улога како земја домаќин на оваа команда.
Тимот, за време на евалуациската посета на пешадиската чета/1.пб во Кичево, имаше можност да проследи методско показна вежба на тема: „Патролирање и справување со толпа“ во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево. За време на посетата на инженерскиот вод/инжб на армискиот полигон „Криволак“, припадниците од оваа единица ја потврдија нивната подготвеност со реализација на вежба во реални услови на тема: „Поправка на оштетена делница на пат“ на АП „Криволак“.
На крајот од посетата, евакуацискиот тим ја потенцира висока оценка за обученоста и подготвеноста на декларираните единици од составот на Армијата во СЕЕБРИГ.










