Во период од 09.12.2025 година до 10.12.2025 година, во Норфолк – Вирџинија, САД, делегација од Армијата предводена од бригаден генерал Дејан Чиплаковски учествуваше на Конференција за развој на војување во 2025 година (AWD Alliance Warfare Development conference) во Сојузничката команда за трансформација на НАТО (ACT – NATO Allied Commmand Transformation).
На конференцијата учествуваа: командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, полковник Васил Митевски од Министерството за одбрана и штабните офицери од Армијата во Сојузничката команда за трансформација на НАТО, полковник Марјан Миленковски и полковник Иван Атанасовски.
Целта на НАТО конференцијата беше да се согледаат новите геополитички состојби, начинот и можностите што ги нудат новите средства и технологии за денешното и идното војување. Исто така беше разговарано и за силите и средствата кои треба да бидат подготвени и адаптирани на идното војување, како и за зајакнување на капацитетите на земјите членки на НАТО.








