На 28 јануари 2026 година, во воздухопловниот ВИНГ беше реализирана работна посета со претставниците од компанијата „Leonardo“ од Република Италија, во насока на координација и понатамошна имплементација на договорните обврски поврзани со набавката на хеликоптери за потребите на Армијата.
Посетата се реализираше со учество на претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и воздухопловниот ВИНГ, со цел усогласување на активностите, динамиката и техничко-оперативните аспекти поврзани со процесот на набавка и воведување во употреба на новите воздухопловни платформи.
Во текот на посетата беа разгледани постојните капацитети на воздухопловниот ВИНГ, како и нивната подготвеност за прифаќање, одржување и оперативна употреба на хеликоптерите за понатамошните фази на имплементација на договорот.
Оваа активност претставува значаен чекор во процесот на модернизација на военото воздухопловство и директно придонесува кон унапредување на оперативните способности и интероперабилноста на Армијата, во согласност со националните и НАТО стандарди.








