Во периодот од 23-27.06.2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции реализираат гаѓања со вооружувањето кое се наоѓа во единицата.
Гаѓањата се уште една можност за тренинг и работа со опремата која се должи во единицата, со цел успешно реализирање на огнени задачи, но воедно и кондицирање во ракување со вооружувањето за постигнување максимални перформанси.
Припадниците на Ренџерскиот баталјон извршуваат гаѓања со повеќе видови на вооружувања како што се минофрлач 60 мм, рачен фрлач на гранати, снајперски пушки итн.
Извршителите на гаѓањата во целост ги исполнија поставените услови за гаѓање и со одлична оценка ги реализираа огнените задачи кои беа поставени пред нив.