Во изминатите два дена припадниците на ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции на полигонот за обука во реонот на Чојлија реализираа тимски вежби „Ренџерска чета во изведување на директни акции„ и „Откривање и уништување на ДТГ“.
Цел на вежбите беше, делови од единицата да се обучат до степен „подготвен“ за изведување на борбени дејствија согласно мисијата и задачите. Tранспортот и инфилтрацијата на единицата до местото на реализација на тимските вежби беше во соработка и кординација со воздухопловната бригада.
Тимските вежби беа уште една можност да се извежбаат постапките, тактиките и процедурите при реализацијата на вакви комплексни задачи.