На ден 28.02.2015 година тројца припадници од полкот за Специјални Операции зедоа учество во проектот за пренуркување на Охридското Езеро.
Пренуркувањето ќе се реализира во етапи, а целосната должина која ќе се пренурка е 80 километри и 322 метри. Целта на проектот е да се истражи Охридското Езеро. Длабочината на која ќе се врши пренуркувањето е од 5 до 15 метри. Покрај нуркачите од полкот, во проектот учество зедоа и нуркачи од Охрид, Струга и МВР.
Ваквите проекти претставуваат предизвици на кој припадниците од полкот со огромно задоволство земаат учество и ги поддржуваат.