Во периодот од 14.04.2015 до 08.05.2015 година во Центарот за обука „Пепелиште“ и на Армискиот полигон „Криволак“ се реализира селективен курс со дел од кандидатите за професионални војници во АРМ.
Тристотини и педесете кандидати во наредните 24 дена ќе поминат интензивен курс каде ќе биде проверена нивната мотивација, психофизичка подготвеност, чесност, тимска работа, прилагодливост, лојалност, дисциплина, личната храброст и стручност.
За време на курсот ќе се реализираат теми од Тактичката обука, воена алпинистика, боречки вештини и други.
Најдобрите и најиздржливите кандидати кои успешно ќе го завршат селективниот курс ќе се стекнат со право да станат дел од составот на полкот за Специјални Операции.