Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, во кампот за обука „Пепелиште“ беше реализирана работна средба со набљудувачи од Мултинационалните копнени сили (Multinational Land Forces-MLF) од Република Италија, Република Словенија и Република Унгарија, кои во текот на вежбата престојуваат на терен и го следат нејзиното реализирање, како дел од билатералната соработка на Армијата со партнерските држави.
Набљудувачите најпрво остварија средба со раководството на вежбата, при што беа разменети мислења и искуства за самата вежба, но и во насока на унапредување на соработката и интероперабилноста.
Притоа, од страна на контролата на вежбата, набљудувачите беа брифирани за концептот, целите и динамиката на вежбата, со посебен осврт на организацијата и координацијата на активностите на вежбата, во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО.
Нивното присуство и ангажман претставуваат значаен придонес за размена на искуства и понатамошно зајакнување на билатералната соработка со НАТО сојузниците.








