На ден 07.05.2026 година, согласно Годишниот календар за обука, инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Првата пешадиска бригада реализира командантско извидување во источниот дел на државата во реонот на Берово. На активноста учествуваа клучниот персонал од командата и штабот, како и командирите на потчинетите чети.
Целта на оваа активност беше извидување и запознавање на просторот, како дел од обуката за тактичко планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, можностите за организација на одбраната, како и унапредување на координацијата и содејството со останатите субјекти во регионот.
Во рамки на активноста, припадниците од инжб го посетија Музејот на град Берово, како и Беровското Езеро при што имаа можност поблиску да се запознаат со културно-историските и природните особености на регионот.
ГЃ/ДЧ








