Делегација на Министерството за одбрана и Армијата, предводена од Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска, 12 мај, учествуваше на редовните мултилатерални консултации во штабот на NATO во Брисел, Белгија.
Во рамките на разговорите беше потврдена силната посветеност на Министерството за одбрана и Армијата за имплементација на обврските во процесот на остварување на Пакетот цели на способности. Сојузниците беа запознаени со идните планови за развој на одбранбените способности и го поздравија постигнатиот напредок во исполнувањето на целите.








