На ден 02.06.2026 година согласно годишниот план за крводарителнии акции и континуираните заложби на баталјонот на Воена полиција, како и на Армијата во целина, за поддршка на институциите во државата, припадници на баталјонот на Воена полиција реализираа доброволна крводарителна акција во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.








