Припадниците на полкот за специјални операции по повод одбележувањето на Денот на АРМ, водени од желбата да им се помогне на семејствата зафатени од поплавите во Скопскиот регион во кординација со Црвениот Крст на град Скопје донираа прехрамбени артикли.
Припадниците на полкот за специјални операции собраните прехрамбени артикли ги доставија во собирниот центар на Црвениот Крст во ОУ„Наум Наумов Борче“ во населбата Маџари.
Прикажувањето на хуманата страна на припадниците на полкот е континуирана и се демонстрира во секоја дадена можност на различен начин. Целта на оваа скромна донација е да се помогне на сите оние на кои во моментов помошта им е најпотребна.