Со прогласувањето на победниците, денес, на Воениот стадион во Скопје свечено завршија традиционалните спортски натпревари, кои се дел од активностите за одбележување на 18 Август – Денот на Армијата.
Спортските натпревари се одржаа во период од 6 до 17 јуни, а учествуваа поединци и екипи составени од припадници од сите единици на Армијата.
Постигнатите резултати на теренот уште еднаш ја потврдија високата психофизичка подготвеност, мотивираноста и силниот натпреварувачки и колективен дух на армиските припадници.
По завршувањето на последните дисциплини, пред присутните спортисти и гости беа доделени признанија за најуспешните екипи и поединци кои покажаа најдобри резултати по дисциплини:
Крос-кантри – мажи поединечно: мајор Жан Тошев
Крос-кантри– жени поединечно: професионален војник Ана Најдова-Личнева
Крос-кантри – мажи екипно: 1. пешадиска бригада
Пинг-понг – поединечно: наредник Оливер Кузмановски
Пинг-понг – екипно: Команда за обука и доктрини
Кошарка (мажи): 1. пешадиска бригада
Одбојка: 1. пешадиска бригада
Футсал (мал фудбал): 1. пешадиска бригада
Најдобар играч во кошарка: разводник Борјан Божиновски, голман во футсал: водник Ненад Димески, играч во футсал: професионален војник Соте Андреески и најдобар стрелец во футсал: професионален војник Игор Паноски








