Во период од 31 август до 11 септември 2026 година, во Домот на Армијата во Скопје, во организација на Армијата и Воената група при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, беше реализиран „Курс за здружено оперативно планирање“, со инструктори од Defense Security Cooperation University (DSCU).
Целта на курсот беше учесниците да се запознаат со процесот на здружено оперативно планирање и неговата примена преку практично извршување на седумте чекори на процесот: иницирање на планирањето, анализа на мисијата, развој на можни начини на дејствување (COA – Course of Action), анализа и споредба на можните начини на дејствување, одобрување на избраниот начин на дејствување и изработка на план и наредба.
Преку практичната работа во синдикати, учесниците имаа можност да стекнат конкретно искуство во планирањето на оперативно ниво, како и да го продлабочат разбирањето за значењето на оперативното планирање и неговото влијание врз процесот на донесување одлуки од страна на командантот и успешното исполнување на мисијата.
На курсот учествуваа припадници од организациските единици на Генералштабот на Армијата и ППКиЕ.
Реализацијата на курсот претставува значаен придонес кон унапредувањето на знаењата и вештините на припадниците на Армијата во областа на оперативното планирање, како и кон понатамошното зајакнување на професионалните капацитети и интероперабилноста со партнерските вооружени сили.








