Во периодот од 29 септември до 2 октомври 2026 година, во Центарот за симулации при Командата за обука и доктрини (КОД), во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, беше реализирана вежба на командно место, комбинирана со компјутерски асистирана вежба JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation).
На вежбата учествуваа припадници од командата и штабот на 2.пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада, со цел унапредување на нивната оспособеност за тимска работа во процесот на донесување воени одлуки, како и подобрување на степенот на обученост за интеграција и синхронизација на борбените оперативни системи, планирање и реализација на логистичката поддршка при изведување операции за стабилизација, како и поставување и користење на тактички комуникациски врски.
Во реализацијата на вежбата, покрај припадниците на 2.пешадиски баталјон, учествуваше и персонал од Центарот за симулации, пред сè оператори на системот за симулации, кои обезбедија поддршка во текот на спроведувањето на вежбовните активности.
Спроведената вежба овозможи проверка и унапредување на стекнатите знаења и способности, а идентификуваните научени лекции ќе бидат применети при планирањето и реализацијата на идните вежби во Центарот за симулации, како и во обуката на останатите единици од составот на Првата пешадиска бригада.
ГЃ/ДЧ








