Припадници на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ во изминатиот период успешно завршија основен падобрански курс во Република Грција.
Обуката има за цел унапредување на вештините и способностите на припадниците, како и зголемување на нивната интероперабилност и подготвеност за извршување на задачи во рамки на заеднички и мултинационални операции.
Во текот на обуката, припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ ги унапредуваат своите знаења и практични вештини во областа на падобранството, со примена на стандардизирани процедури и постапки. Обуката се реализираше во два дела, теоретска и практична обука на земја, како и реализирање на скокови од воздухополов.
Учеството на припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ на оваа обука претставува придонес кон континуираното унапредување на нивото на обученост и подготвеност на специјалните сили на Армијата, како и унапредување на соработката со Вооружените сили на Република Грција.








