Во пресрет на одбележувањето на 26-ти Февруари, денот на првиот механизиран пешадиски баталјон(1.мпбн), од составот на прва механизирана пешадиска бригада, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Со пораката „Крвта спасува живот, дарувајте мал дел од вашата крв, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“, припадниците на АРМ од гарнизонот Куманово ја покажаа својата хуманост при што на денешната акција се даруваа 92 крвни единици.
Во акцијата покрај припадниците од првиот механизиран пешадиски баталјон се вклучија и припадници од Здружено оперативната команда, командата на резервни сили и 2 логистичката чета, кои исто така се лоцирани во касарната во Куманово.
Акцијата која е реализирана во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија е прва во гарнизонот Куманово, а во текот на оваа година во која АРМ ја одбележува јубилејната 25 годишнина од формирањето ќе бидат организирани повеќе вакви крводарителни акции во сите гарнизони на АРМ.