Припадниците од Командата за обука и доктрини, заедно со припадници од потчинетите команди и единици реализираа кондиционо-рекреативен марш во реонот на езерото Козјак.
Во рамки на маршот беа организирани две работни точки каде учесниците се запознаа со географските и топографските карактеристики на овој терен.
Оваа активност, како дел од Годишниот план и календарот за обука на КОД за 2026 година, се реализираше согласно планираната маршрута и динамика. Целта на кондиционо – рекреативниот марш е одржување на физичката подготвеност на персоналот од Командата за обука и доктрини, а воедно претставува и можност за рекреација и зацврстување на колективниот дух.
С/Г








