Директорот на Генералштабот на Армијата бригаден генерал Орце Јордев, денеска оставри средба со началникот на секцијата за цивилно-воена соработка контраадмирал Торстен Маркс. За време на средбата во Генералштабот, генерал Јордев ги истакна досегашните реализирани активности и учества на меѓународни вежби на Армијата од областа на цивилно – воената соработка, постигнатиот напредок согласно НАТО доктрините, како и идните планирани активности од наведената област.
Контраадмиралот Маркс се заблагодари на соработката и учеството на Армијата на активности и вежби од меѓународен карактер и постигнатиот придонес кон градење на отпорноста и колективната одбрана на земјите членки на НАТО.
За време на престојот во државата, делегацијата, реализираше работни состаноци со претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и од Министерството за здравство. Целта на активноста беше да се согледаат капацитетите за цивилно – воена соработка во Армијата, согледување на нивото на способости на националната функција за градење отпорност и управување со кризи во зоната на одговорност.








