По повод одбележувањето на 8 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Струга, на 08.11.2026 година, делегација од 1. пешадиски баталјон на 1. пешадиска бригада присуствуваше на пригодната свеченост, организирана од Општинската организација на Сојузот на борците од Струга.
Во рамки на одбележувањето, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата, оддавајќи почит на борците и учесниците во Народноослободителната борба.
На присутните им се обрати претседателот на ООСБ – Струга, Ајредин Мемеди, кој со поздравен говор го одбележа значењето на овој историски датум и придонесот на борците во ослободувањето на градот.








