Согласно планот за билатералната соработка со Република Хрватска, од 25 до 27 мај се реализираше средба на началникот на Управата за логистика на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, комодор Милан Жунич и началникот на секцијата за логистика на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, полковник Васко Тошевски.
Во рамки на посетата, делегацијата од ВС на Република Хрватска ја прими директорот на Генералштабот, генерал мајор Зоран Милески. На средбата се разговараше за континуирано добрата соработка од доменот на логистиката и нејзино унапредување и понатамошен развој.
Целта на оваа посета беше запознавање со организациската структура на логистиката во двете армии, искуствата во обезбедување на логистичка поддршка на единиците распоредени во мисиите, како и за соработката во доменот на обуката и заедничкото учество на вежби.
Претставниците на ВС на Хрватска имаа можност да посетат и дел од капацитетите на Армијата, како Кампот за обука на вода во Охрид, Сквадронот за обука во Петровец и складот Еребино.