Согласно планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Република Италија во период од 17.-19.10.2022 година, во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија се реализираа експертски разговори од областа за АБХО.
За време на разговорите помеѓу претставниците на двете армии се разгледаа можности за идна соработка од областа за АБХО особено од областа за учество на курсеви, обуки и вежби на наши претставници од оваа специфична област во Република Италија.
За време на активноста делегацијата од Вооружените сили на Република Италија оствари посета и на единицата за АБХО од составот на командата за операции при што се запозна со капацитетите и способностите на единицата.