Во согласност со Упатството за раководење со обуката во Армијата, денес, во организација на Генералштабот денес во Домот на Армијата се одржа конференција за обука и вежби на Армијата.
Во рамки на денешната конференцијата претставниците на потчинетите команди и единици ги презентираа плановите за реализација на индивидуална, колективна обука и вежби во 2025 година со проекти и активности, како и оперативните побарувања и потребните количини на артифиции за поддршка на обуката како и предлог буџет за истите.
На конференцијата за обука и вежби, во присуствуваа заменикот на началникот на Ј-7 во ГШ на Армијата, претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, секторот за меѓуармиска соработка, организациските единици на ГШ , началниците на секциите одговорни за обука и вежби од потчинетите команди и единици, претставник од Воената академија и главниот подофицер на Армијата.
На крајот од конференцијата беа донесени заклучоци и предлози за подобрување и надминување на предизвиците во процесот на обуката.
Конференцијата за обука е редовна активност која се реализира во текот на годината, при што се анализира изведената воено-стручна обука во тековната и се дефинираат целите за наредната година.