Согласно Планот за билатерална соработка со Република Австрија, во период од 31 август до 3 септември 2026 година, во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во Скопје, се реализираше активноста „Изработка на стандардни оперативни процедури за испитување на хемиска стабилност на барутите со QPAK и Qpak +“.
Активноста е сегмент од проектот за надградба на националните капацитети за пиротехничка безбедност и следење на животниот циклус на муницијата.
На активноста присуствуваа претставници од Ј-4 /ГШ на Армијата, Командата за обука и доктрини и Логистичка база.








