Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари средба со г. Халук Ѓунѓор, претседател на Турската одбранбена индустрија. На средбата покрај претседателот на Турската одбранбена индустрија присуствуваа и амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој, одбранбеното аташе полковник Реџаи Јилмаз и претставници од компаниите.
За време на средбата реализирана е презентација на воени способности и тековни и идни проекти на опремување и модернизација на Армијата.