Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Организација за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ и Република Северна Македонија во период од 26.09-07.10.2022 година во организација на ГШ на Армијата се реализираше првата фаза од проектот за надградба на националните капацитети за менаџирање со мало и лесно оружје (МЛО) и експлозивни материјали.
Активноста беше реализирана од страна на мобилен тим за тренинг од вооружените сили на Република Австрија.
Целта на проектот е да се подобри општата безбедност на граѓаните на Република Северна Македонија преку надградба на капацитетите на сите релевантните страни во полето на справување со МЛО и минимизирање на ризиците кои произлегуваат од несоодветното и нестручното менаџирање и складирање на МЛО и експлозивните материјали на местата за складирање муниција.
На активноста учествуваа претставници од Армијата, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Невладината организација „Организација за експлозиви и оружје“ од Скопје.