Со одржувањето на вториот состанок на Групата за имплементација продолжија подготовките за претстојната 29-та Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите од земјите членки на САД–Јадранската повелба (А-5), која во септември годинава ќе се одржи во Република Хрватска.
На состанокот, кој се реализираше во Загреб, учествуваа претставници од земјите членки на А-5 и претставници на Вооружените сили на САД.
Во текот на работниот состанок членовите на Групата за имплементација го разгледаа напредокот во реализацијата на досега договорените активности, го разгледаа планот на активности, т.е. преостанати активности за 2026 година и планирани за 2027 година, а воедно и ги ажурираа работните документи неопходни за успешна организација и реализација на конференцијата.
Состанокот заврши со усвојување и потпишување на записник со заклучоци и насоки за понатамошните активности во рамки на подготовките за 29-та Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на А-5.
На конференцијата се очекува учество на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба, претставници на Вооружените сили на САД, командантите на Националните гарди од сојузните држави партнери на земјите од А-5, како и претставници од земјите набљудувачи.








