Во Воено медицинскиот центар во период од 02 до 09 септември се реализираше „Курс за повторување на знаењето за животоспасувачи“. Учество на курсот зедоа припадници на Армијата на Република Северна Македонија и припадници на единиците САЕ Тигар, ЕБР и ПЕП при Министерството за внатрешни работи.
Наставните содржини се изведуваа во Одделот за медицинска обука, преку теоретско и практично повторување и извежбување на истите. Учесниците во текот на курсот ги повторија сите животоспасувачки мерки и постапки при предболничко згрижување на повредени.
Освежените знаења, вештини и техники се од големо значење за нив, како на полето на професионално усовршување во рамките на нивната поставеност во единиците, така и за унапредување на личните способности. Реализирањето на овој курс уште еднаш ја потврдува континуираната соработка помеѓу Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.