Eкипи од командите и единиците од Армијата на покана на Македонската Спортска Стрелачка Федерација, традиционално и оваа година учествуваа на 17-иот Интернационален отворен турнир во стрелаштво „Гранд При Скопје 2023“ кој се одржа на спортското стрелиште „Камник“.
На отворањето на 17-иот „Гранд При Скопје 2023“, се обрати Началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кој на учесниците им посака успех и постигнување на високи резултати за време на турнирот.
На натпреварите припадниците на Армијата демонстрирајќи ја својата подготвеност во ракување со своето оружје остварија забележителни резултати во дисциплините: гаѓање со пиштол на 25 метри,гаѓање со автоматска пушка на 100 метри и со полуавтоматска снајперска пушка на 100 метри.
Екипно прво место во дисциплината гаѓање со пушка на 100 метри, го освои екипата од Командата за обука и доктрини од Центарот за обука на питомци во состав: Мартина Стаменова, Милица Перишиќ и Аделаида Бегановиќ, а екипата на Генералштабот го освои третото место.
По завршување на натпреварувањето, организаторот на 17-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво, Македонската Спортска Стрелачка Федерација, на учесниците им додели пехар и медали на најдобро пласираните екипи и поединци.