Денес и утре, во ГШ на АРМ се одржуваат билатерални разговори од областа на логистиката, помеѓу претставници на Ј-4 на ГШ на АРМ и Ј-4 на ГШ на Вооружените сили (ВС) на Република Словенија.
Целта на разговорите е запознавање со структурата на логистиката во АРМ, мисија, состав, улога на органите по логистика во подготовки на единици пред упатување во мисии, како и размена на информации и дискусија за понатамошен развој на соработка во областа на логистиката со ВС на Републикса Словенија.
Гостите од ВС на Република Словенија ќе посетат дел од логистичките капацитети на АРМ и Техничкиот ремонтен центар и делаборачницата за муниција во Еребино. За време на посетата, ќе остварат средба со логистичките органи во потчинетите команди и единици, а во гарнизонот Штип ќе имаат можност да се запознаат со развиена станица за подготовка на храна во теренски услови (кујна а/п од 300 лит. произведена во Република Македонија), како и со развиена станица за перење на алишта во полски услови и развиена бања за капење во теренски услови.