Во Домот на АРМ во Скопје, се одржа новогодишен прием на семејствата на припадниците на АРМ упатени во меѓународните мировни мисии „Одлучна поддршка“, „АЛТЕА“ и „УНИФИЛ“.
На денешниот прием, на кој присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски се поделија новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на АРМ кои се распоредени во мировните мисии надвор од Република Македонија.
Во рамки на церемонијата, Министерката за одбрана и Началникот на ГШ на АРМ преку видео телеконференциска врска се обратија до мировниците, притоа честитајќи им ги претстојните празници им упатија желби за добро здравје, успех и просперитет во Новата 2019 година.