Во Генералштабот на АРМ, денес заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај оствари средба со директорот за меѓународна безбедносна политика на Министерството за Одбрана на Обединетото Кралство (ОК), г. Ник Гур кој се наоѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија.
На средбата се разговараше за повеќе прашања, поврзани со можностите за зајакнување на партнерството помеѓу Вооружените сили на Обединетото Кралство и Армијата на Република Македонија, особено во актуелниот период на терористички закани и мигрантската криза.
Генералот Рацај го истакна значењето за АРМ кое ја има поддршката од оваа парнерска земја во повеќе области, а особено во областа на военото образование и заедничка обука и учество во меѓународните мировни мисии.
За време на престојот во МО и ГШ на АРМ високиот претставник на МО на ОК оствари средба и со министерот за одбрана на Република Македонија г.дин Зоран Јолевски.
Претходно, директорот Гур ја посети Здружената Оперативна Команда (ЗОК) во Куманово, каде по средбата со Заменик на Командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски се реализира брифинг од страна на командата.
На брифингот г.дин Гур се запозна со мисијата, задачите и структурата на ЗОК, како и ангажирањето на единиците од својот состав во мировните мисии и активностите кои АРМ ги имаше во изминатиот период во справување со предизвиците од миграциската криза и последиците од поплавите.
Континураните средби со претставници на партнерските земји се значајни во поддршката за интеграција на Република Македонија во северно атлантското семејство.