Во рамки на дводневната официјална посета на Република Северна Македонија, претставници од Северно-атлантскиот Совет денес престојуваа во касарната „Илинден“ на кои домаќини им беа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески.
Претставниците од Северно-атлантскиот Совет беа пречекани од страна на командантот на полкот за Специјални Операции, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и дел од командата.
Цел на посетата на оваа висока делегација беше согледување на капацитетите за учество на единицата во некои од моменталните или идни НАТО предводени мисии.
За време на посетата пред делегацијата се презентираа достигнатите оперативни капацитети на лесната пешадиска чета. Посетителите имаа можност да разговараат со дел од припадниците на единицата и воедно да ги согледаат способностите низ методско огледна вежба.
На крајот на посетата, по согледување на состојбата претставниците од Северно-атлантскиот совет искажаа позитивни мислења од презентираното.
ЗБ/ТЈ