По повод одбележувањето на 116 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, во тридневна официјална посета на Република Македонија од денес претстојува делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.
Денес, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини се сретна со бригадниот генерал Шукру Екен, кој ја предводи делегацијата на ВС на Република Турција, во која покрај високи офицери на ВС на Република Турција се и питомци од Средното воено училиште на ВС на Република Турција.
На средбата во ГШ на АРМ, генералот Сејдини ја истакната одличната соработка на АРМ со ВС на Република Турција, како и сестраната поддршка која Република Турција и ја дава на Република Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО. Генералот Екен се заблагодари на пречекот и поддршката од МО и ГШ на АРМ во организацијата на свеченоста по повод одбележувањето на 116 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, како настан од историјата кој ги спојува двете пријателски земји.
Утре, со високи почести, во предворјето на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј на градот Битола, каде се наоѓа спомен собата на Кемал Ататурк, ќе се одбележи 116 години од неговото дипломирање во Воената гимназија. На свеченоста пред музејот во Битола ќе одржи пригодна програма, а се очекува да присуствуваат амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, високи претставници од МО и ГШ на АРМ и други високи гости.