Денес, 27 август 2015 година, во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, се изврши свечено примопредавање на должноста заменик на началникот на Генералштабот (Заменик на НГШ на АРМ).
Должноста Заменик на НГШ на АРМ од генерал – потполковник Насер Сејдини ја прими генерал – мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на Здружената Оперативна Команда.
На свеченоста присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, останати генерали од АРМ и началници на секции во ГШ на АРМ.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и НГШ на АРМ, генерал Величковски во оваа прилика му се заблагодарија генералот Сејдини за неговиот несебичен и пожртвуван ангажман за АРМ, а генералот Рацај му посакаа успешна работа на новата должност.
Генералот Сејдини истакна дека во текот на својата кариера се трудел да га направи најдоброто за АРМ и очекува генералот Рацај да продолжи по оваа патека.
Генералот Рацај потенцираше дека должноста која му е доверена ќе ја извршува професионално и одговорно и како неговиот претходник ќе го даде максимумот за армијата.