Во духот на одбележување на јубилејот на АРМ и 25 години од формирањето на баталјонот за почести (бП) со соодветна програма во која беше вклучен и концерт на воениот оркестар, во Домот на АРМ во Скопје се одбележа Денот на единицата.
Со програмски содржини достојни на јубилејот, воениот оркестар пред присутните гости на едночасовен концерт изведе повеќе композиции од својот познат репертоар, додека гардистите ги прикажаа своите гардиски вештини.
На прославата покрај Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, присуствуваа генералите од АРМ, команданти на единиците на АРМ, фамилии на припадниците на баталјонот за почести и голем број на други гости.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на бП е определен 11-ти ноември во спомен на традициите на Првата македонско косовска ударна бригада која е формирана на овој ден во 1943 година во селото Сливово.