Во рамки на билатералните меѓуармиски активности, денес Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари средба со потполковник Марек Вармински, нерезидентно одбранбено аташе на Република Полска и Н.Е Војциех Тицињски, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Северна Македонија.
На средбата, која доаѓа по посетата на генералот Ѓурчиновски на полските вооружени сили во февруари, се разговараше за досегашната и формите за понатамошна воена соработка со Вооружените сили на Република Полска.
Генералот Ѓурчиновски истакна дека интензивирањето на досегашната соработка, особено преку заедничка обука со полските специјални сили, школување во воено образовните установи, и можноста за обука на Армискиот полигон „Криволак“ ќе ја унапреди меѓусебната соработка и ќе придонесе за подобрување на стандардите, особено во областа на специјалните операции..
За време на средбата беше искажана и благодарност за досегашната континуирана поддршка од страна на Република Полска.