Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе за Република Македонија потполковник Егил Далтвеит.
Генералот Ѓурчиновски упати честитки до потполковникот Далтвеит за назначувањето на новата должност, кој ќе ја извршува оваа задача со седиште во Белград, Република Србија.
За време на средбата стана збор за досегашната воена соработка, при што НГШ на АРМ се заблагодари за континуираната поддршка од страна на кралството Норвешка, особено за нашата стратешка определба за потполна интеграција во евроатланските структури, како и за поддршка на проектите како балкански медицински сили и копнената маневарска болница со улога 2.
Во рамки на средбата се разговараше за можностите за проширување на билатералната соработка со нудење на капацитетите со кои располага АРМ .
ТЛП/ТЈ