Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Тимоти Бјукен, новоназначен одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави акредитиран во Република Македонија.
На средбата, на која присуствуваа и воздухопловното воено аташе мајор Ерик Рајс и шефот на канцеларијата за одбранбена соработка капетан Патрик Енрике се разговараше за воена соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, како и за понатамошните облици на билатерална соработка особено во изведување на заедничка обука и вежбовни активности.
Началникот на ГШ на АРМ, го нагласи стратегиското партнерство во меѓуармиската соработка на АРМ и Армијата на САД и продолжување на соработката помеѓу двете армии, притоа пожелувајќи на полковник Бјукен успешна и плодна соработка со АРМ за време на неговиот ангажман во Република Македонија.