Денес, 25-ти октомври 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со новото одбранбено аташе на Народна Република Кина акредитиран во Република Македонија, постар полковник Занг Баокун.
На средбата со новиот воен аташе на Народна Република Кина присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Народна Република Кина во Република Македонија, постар полковник Џонг Лиангли.
На средбата, генералот Котески му се заблагодари на полковникот Лиангли за неговата работа и стручен ангажман, како соодветен придонес во билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Народна Република Кина.
Должноста Одбранбено аташе на Народна Република Кина во Република Македонија, полковникот Џонг Лиангли ја извршуваше во изминатите две години.
Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Баокун му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на одличната соработка помеѓу двете армии.