Денес, 13-ти јули, началникот на ГШ на АРМ, генерал – потполковник Котески Горанчо оствари средба со заменик – началникот на секцијата за планирање, политика и партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол.
На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш, на Република Македонија, генералите Котески и Хол разговараа за меѓу армиската соработка и унапредување на истата помеѓу командата на САД за Европа и АРМ. Во разговорите особено значење беше дадено на обуката, вежбите и опремувањето на АРМ.
За време на посетата, на генералот Хол му беа презентирани процесот на трансформација на АРМ и членството кон НАТО, како и учеството на АРМ во меѓународни мисии. Посебен акцент беше даден на идните чекори на трансформација на армијата и начинот на подготовка и оценување на декларираните единици. Во оваа прилика беше искажанo дека со помош на имплементацијата на партнерските цели, АРМ ја унапреди интероперабилноста со НАТО и рамноправно учествува во НАТО предводени операции.
На крајот на средбата генералот Хол ја поздрави и и се заблагодари на поддршката на АРМ која ја дава на НАТО во меѓународните мировни мисии, особено на силите ангажирани во Авганистан.