Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески вчера и денес учествува на конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ е запознавање на началниците на ГШ на армиите од земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан со политичката состојба и главните приоритети на новата мисија на НАТО во Авганистан. Главна тема на конференцијата е разгледување на плановите за реализација на мисијата „Одлучна поддршка“ со насоки за делување во 2015 година. На состанокот е истакнато дека безбедносната состојба во Авганистан се подобрува и дека е потребно време за целосна изградба на институциите во земјата. Како клучен фактор во прилог на ова се истакнува стратешкото помирување помеѓу легално избраната влада на Авганистан и талибанците.
Генералот Котески на конференцијата истакна дека АРМ останува посветена во изградбата на мирот и стабилноста во Авганистан со нашето активно учество во мисијата „Одлучна поддршка“, каде АРМ учествува со повеќе штабни офицери и друг персонал. На конференцијата, од страна на Алијансата уште еднаш беше искажана благодарност до Република Македонија и АРМ, за дванесетгодишното учество и конкретниот придонес во мисијата ИСАФ во Авганистан.
На маргините од конференцијата, генералот Котески оставри повеќе средби со негови колеги од армиите членки на НАТО и ПзМ.