Во периодот од 26.09. – 18.10.2015 година припадници на АРМ учествуваа на најголемата НАТО вежба во последните две декади „Trident Juncture 15“ (TJ – 15) која се реализираше истовремено во Сарагоса – Шпанија, Бежа-Португалија и Бјоџо Ренатико-Италија.
Припадниците на АРМ беа распоредени на различни штабни позиции во рамките на вежбата и тоа: Електронско војување, Борба против Импровизирани Експлозивни Направи (ИЕН), Односи со јавноста, Заштита на силите и Логистичка поддршка. Ангажираниот персонал од АРМ покажа високо ниво на професионализам во процесот на работата.
На вежбата ТЈ-15 се извежбува и оценува Командата на Здружените сили на НАТО (Joint Force Command – JFC Brunssum) и нејзината подготвеност за заштита на земјите членки на НАТО Алијансата со употреба на сите расположиви капацитети (копнени, воздушни, поморски и специјални единици). Со завршување на вежбата на командно место и официјално истата беше сертифицирана.
Во вториот дел од вежбата во период од 21 октомври до 06 ноември следува извежбувањето на единиците на терен во кое ќе бидат вклучени повеќе од 230 копнени единици, 140 бродови и над 60 бродови и персонал од над 36000 лица од повеќе од 30 нации. На вежбата ќе бидат вклучени повеќе од 12 интернационални организации (владини и невладини) кои активно ќе учествуваат, вклучувајќи ги тука Европската унија, ОБСЕ, МКЦК и Африканската унија.
Извршувањето на редовните задачи во рамките на штабот, за персоналот од АРМ претставува надоградување на веќе стекнатите знаења од доменот на работните места и добра можност за промовирање на интероперативноста на штабните постапки и процедури во меѓународно опкружување.