Во рамките на активностите од програмата за одбележување на „15-ти Април“ Ден на Команда за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Својата хуманост во акцијата припадниците на КОД ја покажаа со дарување на 80 крвни единици. Покрај старешините од Командата на КОД и Центарот за индивидуална обука хуманоста ја покажаа и младите војници на доброволно служење на воениот рок.
Акцијата се реализира во организација на екипа од институтот за трансфузиологија од Скопје во соработка со Црвен Крст на Република Македонија.
Видливо е чувството на задоволство на војниците кои со искрена љубов и добрина даруваат дел од својата крв за да помогнат на оние на кои оваа драгоцена течност им е најпотребна. Со акцијата уште еднаш се покажа на дело големата хуманост на припадниците на АРМ од составот на Командата за обука и доктрини.