Во пресрет на одбележувањето на 15-ти Април, Денот на КОД во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се реализирани низа активности од страна на припадниците на единицата, меѓу кои ги истакнуваме следниве:
– Крводарителска акција во соработка со Црвен Крст – Велес, реализирана на ден 22.03.2019 година, каде доброволно се собрани 46 единици крв.
– Спортски активности реализирани на ден 09.04.2019 година во повеќе дисциплини: мал фудбал, пинг-понг, стрелаштво и шах, каде освен припадниците на единицата учествата и претставници од повеќе здруженија и институции од општина Велес.
– Во тек е хуманитарна акција за собирање на хуманитарна помош (прехранбени производи, средства за хигиена и школски прибор). Собраните средства од акцијата единицата ќе ги предаде на Црвен крст – Велес на ден 12.04.2019.
З/Д