Во рамките на активностите за одбележување на ,,15 ти Април – Ден на Командата за обука и доктрини “ на ден 09.04.2015 година реализирана е хуманитарна акција во Велес, Скопје и Неготино.
Припадниците на Командата и потчинетите единици на КОД масовно се вклучија во хуманитарната акција преку доброволно дарување на собрани санитарни и хигиенски средства, облека, обувки, школски прибор, конзервирана храна и играчки.
Собраните средства се предадени на претставниците на Општинската организација на Црвен Крст во Велес и Неготино како и на организацијата за помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи на граѓани ,,Градиме Иднина“ во Скопје. Вработените во горе наведените организации го искажаа своето задоволство од хуманоста на припадниците на КОД и при тоа е потенцирано дека ваквата соработка ќе продолжи и во понатамошниот период.