Денес, во Центарот за индивидуална обука, во Командата за обука и доктрини се реализираше свеченост по повод завршување на обуката на курсот за унапредување во кариерата.
Овој курс е прв курс кој е наменет за едукација на постари подофицери и целта на овој курс е слушателите да ги надградат своите воени компетенции за извршување на подофицерски должности на ниво на постари подофицери.
За време на курсот слушателите се стекнаа со знаења од ефективната примена на професионалниот однос со офицерите во рамките на командниот тим како и теми за позитивно влијание врз личниот развој на поединецот преку процесите на менторство, советување управување со конфликти и управување со стрес и други компетенции кои се клучни за развојот на подофицерската кариера.
За време на свеченоста во своето обраќање Командантот на Центарот за индивидуална обука на подофицерите им го честита успешно завршениот курс и ја истакна нивната посветеност за време на овој пилот курс и тромесечната настава и обука, а воедно порача дека пренесувањето на знаењето и вештините на своите потчинети е од огромно значење за напредокот на целокупната обука.
На тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници, а на најдобриот слушател на курсот за особено залагање и постигнати резултати му беше доделена монета од Главниот подофицер на Армијата.
Г/С